AMD е блиску до лансирањето на новиот Threadripper процесор, новиот хај-енд Threadripper има 32 јадрa и 64 “thread-а” и е дел од втората генерација на Ryzen процесорите.
Точниот датум кога овој процесор ќе излезе во продажба сеуште не се знае, но за да се појави некоја возбуда околу неговото лансирање, AMD направи кратко “тизер” видео.

“Видете го уништувачот на “thread-ови”. 32 јадра втора генерација Ryzen Threadripper пристигнува во третата четвртина од 2018. Создавајте со Heavy Metal.”
Гласи описот на видеото.

Во “тизерот” нема никакви информации за процесорот, но според некои протечени информации новиот Ryzen Threadripper би требало да е 2990X со спецификации од 32 јадра кој работи на base clock до 3GHz, 3.4GHz boost clock преку сите јадра и 4GHz Precision boost clock. Слика од Task Manager исто така го покажува овој чип опремен со 3MB L1 Cache, 16MB L2 Cache и 64MB L3 Cache.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука