Новата Battlefield го враќа серијалот каде што се започна,
Втората светска војна.

Нормално со враќањето назад се враќаат и класичните мултиплеер модови како Majority rule conquest, но исто така има и многу нови елементи.

Голема промена има мултиплеер модот Operations, сега преименуван во “Grand Operations”. Тој ги носи играчите низ повеќе мапи и повеќе гејм модови, каде што секоја нова мапа ќе биде одбрана во зависност од тоа како завршила предходниот круг. Идејата е да се користи прогресијата на битката со цел да се раскаже приказната преку онлајн мултиплеер-от.

Но, ако сакате нешто по конвенционално не се грижете, War stories синглплеер модот кој за прв пат го видовме во Battlefield 1 се враќа со нови авантури фокусирајќи се на специфични херои.

Dice направи голем и добар потег со тоа што го тргнаа познатиот premium pass за Battlefield V, со ова секој играч ќе има пристап до сите нови мултиплеер мапи и модови без никаква доплата.

Battlefield V излегува на 19 Октомври за Xbox One, PS4 и Windows PC.

Подоле може да го видите целиот настан.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука