Во понеделникот Corsair ги најави новите RGB рам мемории за ентузијасти и модери.
Vengeance RGB Pro DDR4 има брзина од 4000 MHz и користи нов дизајн за поефикасно дистрибуирање на топлината. За осветлувањето се користат 10 RGB лед ленти, најголемиот број на диоди кои досега сме виделе на мемориски модул.

Corsair пушти во продажба неколку “китови” од по 16 GB,32 GB и 64 GB за дуал-канални и четири-канални мемориски подсистеми специфицирани за работа од 2666 MT/s до 4000 MT/s на напон од 1.2V до 1.35V. Како и сите високо класни модули, новиот Vengeance доаѓа со XMP 2.0 SPD профили за полесно поставување на современите платформи на Intel, но што се однесува до компатибилноста со Amd Ryzen платформата модулите работат без проблеми до DDR-3200, а за повисоки брзини можно е да треба дополнителни подесувања и ладење.

Новиот Corsair Vengence RGB Pro е опремен со алуминиумски дистрибутер на топлина во црна или бела боја, како и 10 RGB лед ленти кои можат да се контролираат со iCUE софтверот на Corsair.

Corsair Vengence RGB Pro е достапен во продажба по цена од 210€ до 985€ во зависност од количината и брзината на рам меморијата.



ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука