Штотуку дознаваме дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) користи мајнер на нивниот веб сајт кој  работи и по исклучување на табот на самиот сајт. Станува збор за копање на крипто-валутата Монеро. Монеро, за првпат беше претставен во Април, 2014 година. Главната цел беше да создаде алгоритам за додавање на карактеристики за приватност, кои недостасуваа кај биткоин. Повеќе околу крипто-валутите и копањето можете да прочитате на следнава статија.

Секој пат кога ќе го посетите веб сајтот на ФИНКИ копачот се вклучува и користи од ресурсите на вашиот уред на кој го посетувате. Тоа значи дека уредот кој го користите ќе биде по бавен бидејќи веб сајтот копа крипто-валути во нивна корист. На следниот линк можете да видите дека coinhive е дел од веб сајтот на ФИНКИ.

финки coinhive

Инаку, coinhive е крипто-мајнер кој копа преку JavaScript.

финки javascript

Единствениот начин за да се заштитите e да ја симнете екстензијата uBlock. Достапна е за Google Chrome, Mozile Firefox и Safari. Екстезијата поставува филтер на вашиот интернет прелистувач кој ги спречува сите веб сајтови да стекнат приходи преку крипто-копањето.

Овие информации ги дознавме од студентите при самиот факултет. Најголемата иронија на овој случај е тоа што ФИНКИ го обучува својот кадар, па потоа тие студенти откриваат вакви дела. Можеби ќе било подобро кога веќе ставаат копач, тој да биде на еден од останатите факултети на УКИМ, а не на ФИНКИ. Така можеби никогаш не би им го откриле копачот бидејќи информатичарите немаат корист да ги посетат останатите веб сајтови на УКИМ. Користењето на копачи во јавна институција  особено во институција за високо образование е голем срам за нашата држава. Дали станува збор за дупка или „внатрешна работа“ оставаме вие самите да одлучите!

Update: Мајнерот е отстранет од веб сајтот на финки.

 

3 КОМЕНТАРИ

  1. Или проверете си самите кои плагини ги користите и од каде спуштате нелегални содржини, зашто кај мене ги нема тие скрипти во финки страната 🙂

    За Македонија добро би дошла една платформа како идејата на Елон Муск – pravduh.com

  2. Драги читатели, моментално скриптата е избришана, за да не дознаат луѓе, имате http://archive.org/web/ (TimeBack Machine) web архива на сите предходни верзии од сите поголеми веб сајтови. Одете поназад неколку дена и проверете дали го има истово.
    Чим сте провериле дека го нема кодов, верувам дека ги имате способностите да го направите и ова
    Поздрав =)

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука