Конференцијата за развој на I/O на Google ќе започне следната недела, и ке биде само две години откако првпат беше претставен Google Assistant. Компанијата одвојува извесно време да објави неколку нови функции, од кои сите треба да ја прошират корисниста на Assistant во Smart Home.

Дел од причината зошто Assistant може да се рамни со Amazon Echo / Alexa е тоа што подржува огромен број на “Smart Home” уреди. Google вели дека Assistant работи на повеке од 5000 урреди, за разлика од 1500 на почетокот на годината. Тоа е број кој не значи многу самостојно, но Google VP на Assistant and Search, Ник Фокс, рече дека “Assistant сега ги поддржува во суштина сите главни брендови”.

Фокс, исто така, истакна дека функциите на Smart Home на Assistant спаѓаат во три широки категории: забава, безбедност и контрола. Под забава, Google работи со Dish за да ги интегрира своите Hopper приемници со асистентот, така што корисниците ќе можат да кажат работи како “Еј Google, префрлете се на ESPN” преку нивните телефони или од уредот на Google Home. Assistant исто така ќе работи со Logitech Harmony далечински правувачи, кои ќе ви овозможат да одите на омилени канали, да паузирајте, да ја прилагодете јачината на звукот и многу повеќе.

Што се однесува до безбедноста на домот, Google Assistant работи со новото Nest Hello ѕвонче. Ако некој е на вашата врата, ќе се испрати мелодија на уредите на Google Home и Assistant ќе понуди да го подигне видео изворот на врата на вашиот телефон. Засега оваа функција е достапна само на Nest Hello, но Google вели дека ќе овозможи слични карактеристики на слични производи од други компании “подоцна оваа година”.

Конечно, Google ги потенцира некои од новите Smart Home компании чии уреди ќе работат со Assistant наскоро. Тие вклучуваат ADT светла, светилките на  Xiaomi, ролетни за прозорци на Hunter Douglas и други третмани, Hisense клима уреди и навлажнувачи, безбедносни камери Arlo и некои нови LG апарати. Рутините кои ги започна Google и поддршката за широк број на уреди значи дека Assistant е прилично погоден за автоматизација на домот. Google направи неколку подобрувања, но очекуваме да слушнеме многу повеќе за она што е следно за Assistant следната недела на I/O.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука