Интел денес го објави шест-јадрениот процесор Core i7-8086K на LGA1151 (v2) сокет, компатибилен со чипсетот од 300 серии матични.Со овој процесор се одбележува 40 години од 8086 процесорот на компанијата, што беше духовен предок на архитектурата x86 која доминира во модерното компјутерско работење. Врз основа на истиот 14 nm силикон “coffee lake” како i7-8700K, овој чип има висока клок од 4,00 GHz, со максимална фреквенција на Turbo Boost од 5,00 GHz. Како и i7-8700K, тој има 256 KB посветен L2 кеш на јадро и 12 MB заеднички L3 кеш. Процесорот ќе се продава од 8-ми јуни, компанијата не открива цени, но се шпекулира дека ќе е 486 долари.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука