Nvidia ненајавено додаде втор модел на GeForce GTX 1050, главната причина за ова е затоа што предходниот 2 GB модел има сериозни мемориски ограничувања.
Со новата 3 GB верзија корисниците ќе можат да направат малку повеќе продуктивна работа, но исто така ќе се добијат и подобри резултати кај видео игрите без меморискиот бафер да биде целосно зафатен од апликацијата.

GTX 1050 3 GB има 768 Cuda cores, исто како и GTX 1050 Ti, но има повисок base clock за 102 Mhz (1392 MHz) и повисок boost clock за 126 Mhz (1518 MHz) од Ti моделот.
Меморијата како и на другите модели е клокната на 7Gbps, но е опремена со 96-bit interface со memory bandwith од 84 GB/s.

GTX 1050 3GB иако теоретски би требало да има подобри преформанси од GTX 1050 Ti, меморискиот интерфејс можно е да ги ограничува преформансите во видео игрите.
Новиот модел без сомнеж е побрз од GTX 1050 2 GB, но подобрата меморија на Ti-моделот на крајот би ја ставила во водство.

Цената на GTX 1050 3 GB би требало да биде помеѓу GTX 1050 2 GB и GTX 1050 Ti.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука