Познатата компанија Nvidia досега играше интегрална улога во скорешната AI ренесанса, со овозможување на процесори што многу моќно влијаат во полето на истражување и развивање на роботските науки, но сега значително зачекорија во иднината. За време на настанот Computex 2018, Nvidia произлегоа со 2 нови продукти и тоа: Nvidia Isaac, нова развивачка платформа, и Jetson Xavier, нов AI компјутер, и двата создадени за да “полнат” автономни роботи.

Директорот на Nvidia, Jensen Huang, се произнесе дека овие 2 продукти се дизајнирани да ги опфатат следните чекори кон AI иновацијата со што се преминува од софтверско работење во “облакот” на роботите, во роботи што се управуваат во вистинскиот свет.

Платформата Isaac е сет на софтвери којшто ја поедноставува работата на компаниите за развивање и тестирање на роботи. Оваа платформа вклучува колекција на API што овозможуваат конектирање на 3D камери и сензори; библиотека од API акцелератори за да ги оддржува алгоритмите во целосен ред и без процесорско доцнење, и нова околина за симулации.

Но, срцето на оваа платформа е новиот Jetson Xavier компјутер, што е многу компактно парче хардвер со неколку процесори и тоа: Volta Tensor Core GPU, 8 јадрен ARM64 CPU, два NVDLA deep learning акцелератори и процесори за статични слики и видеа.Се на се овој компјутер содржи повеќе од 9 билиони транзистори и доделува околу преку 30 трилиони операции во секунда, и интересен факт е дека конзумира само 30 вати енергија, што е два пати помалку од една просечна сијалица.

Цената на еден ваков компјутер вклучувајќи го и пристапот до Isaac платформата е 1,299 долари. Креаторите велат дека овој компјутер не е најинтересната работа што произлегува од овој проект, туку што ќе произлезе од него и креативноста на девелоперите. Со тоа што се повеќе се во тренд AI роботите, за обезбедување на објекти, достава на храна, менаџирање на простор во магацините на продавниците и многу други работи, Nvidia презема значаен чекор во оваа индустрија и најави дека AI револуцијата на роботите штотуку почнува.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука