Астронаутот на НАСА, Алан Бин починал на 86 годишна возраст на 26-ти мај. Семејството на астронаутот изјави дека Бин заболил и починал при семејно патување.  Алан Бин е познат по тоа што бил дел од Аполо 12 и е четвртиот човек кој слетал на Месечината. Го водел и вториот екипаж до првата американска вселенска станица Skylab во 1973 година.

Алан Бин бил роден во 1932 во Тексас, САД и имал шкотско потекло. Во 1955 година дипломирал на Универзитетот во Тексас и се прикличил на Американската морнарица каде посетувал обука за пилот. Во 1963 година, младиот пилот бил селектиран во Третата Астронаутска група заедно со Баз Олдрин, Еугин Кернан и Мајкл Колинс и станал официјален член на НАСА.  За време на подготовките на Аполо 12, командантот на мисијата, Пит Конрад (кој претходно му бил инструктор на Бин) го побарал младиот Бин да биде дел од мисијата. Аполо 12 бил лансиран на 14 ноември, 1969 година, 3 месеци по лансирањето на првата мисија, Аполо 11. Модулот Аполо 12 е запамтен по тоа што бил удрен од молња неколку секунди по лансирањето.

Photo by SSPL/Getty Images

Алан Бин е првиот геолог кој стапнал на Месечината и собрал примероци од камења, земја и прашина. Благодарение на неговите собрани примероци, се дознале нови работи за геохемиската структура на природниот сателит на Земјата. Во 1975 година официјално се пензионирал од Американската Морнарица. Во неговите подоцнежни пензионерски денови, астронаутот се занимавал со сликарство.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука