Минималните барања за компјутерски систем за Battlefield V се откриени скоро пет месеци пред да излезе играта, благодарение на листата на официјалната продавница на ЕА “Origin”.

Интересно е тоа што Battlefield V ги има истите барања како од 2016-та година Battlefield 1 и 2017-та година Star Wars: Battlefront 2, две изминати изданија од EA DICE. Тоа покажува дека програмерот е прилично добар со своите оптимизации на компјутер, и обезбедува гејмерите кои играа Battlefield 1 без проблеми ќе имаат слично искуство. Еве ги целосните барања:

Battlefield 5 minimum PC system requirements

  • Оперативен Систем: 64-bit Windows 7, Windows 8.1 и Windows 10
  • Процесор: AMD FX-6350 или Intel Core i5 6600K
  • Меморија: 8GB RAM
  • Графичка карта: AMD Radeon HD 7850 2GB or Nvidia GeForce GTX 660 2GB
  • DirectX: 11.0 Compatible video card or equivalent
  • Интернет коненкција: 512 Kbps или побрзо
  • Хард-Диск простор: 50GB за инсталација

Иако ЕА не ги откри препорачаните барања за компјутерски системи во оваа фаза, има големи шанси тие да преземат по Battlefield 1 и Star Wars: Battlefront 2. Во тој случај, ќе треба подобар процесор (AMD FX 8350 или Intel Core i7 6700), двојно меморија (16GB RAM) и понова графичка картичка со повеќе видео меморија (AMD Radeon RX 480 4GB или Nvidia GeForce GTX 1060 3GB).

Можете да ја купите Battlefield V во две различни изданија – Standard Edition или Deluxe Edition – низ целиот свет. Додека двете изданија ви даваат неколку бонуси за пред-нарачка и пристап до отворена бета верзија, придобивките вклучуваат дводневен предвремен пристап и повеќе можности за прилагодување.

Battlefield V излегува на 19-ти Октомври.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука