Rockstar иако нема официјално најавено дали Red Dead Redemption 2 ќе излезе за PC, еден од девелоперите кој моментално работи на играта во наведените платформи за Red Dead Redemption 2 има поставено и PC верзија.
Овој девелопер веќе неколку години работи заедно со Rockstar како програмер, на неговиот профил се гледа дека тие работеле на GTA V и L.A. Noire.


Rockstar претходно искористи ваква тактика со GTA V каде што играта се пушти во продажба при крај на генерацијата без никаква најава за PC верзија.
PC верзијата беше пуштена во продажба заедно со новите генерации на конзоли (PS4 и Xbox One) како надградена верзија.
Оваа тактика беше доста успешна и доведе до многу повеќе продадени копии од очекуваното, не би не изненадило ако Rockstar повторно ја искористи истата тактика за Red Dead Redemption 2.

Red Dead Redemption 2 ќе биде достапна во продажба на 26 Октомври 2018.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука