Што е биткоин?

Биткоин е децентрализирана виртуелна валута на која често се гледа како нов тип на пари. Дигиталниот токен со кој може да се купуваат работи на интернет или да се заменува во офлајн светот преку електронски уреди, не е поврзан со банките, туку е креиран од корисниците кои на својот компјутер решаваат математички проблем, а секој пат кога проблемот ќе биде решен корисникот е награден со монета.Секој биткоин пуштен во употреба до денес, е всушност уникатен регистарски број кој се префрла од дигиталните новчаници на корисниците. Биткоините одат во виртуелни поштенски сандачиња на корисниците за кои не постои регистрација, со што се овозможува целосна анонимност.

Поимот „cloud-mining”

Cloud Mining е процес на „копање“ bitcoin со користење на дата-центар со заедничка процесорска моќ. Овој тип на копање им овозможува на корисниците да копаат (мајнаат) биткоини или алтернативни крипто-валути без управување или поседување на сопствен хардвер. Се доведува до прашање, како би се заработувало пари со овој процес на „копање“ – компанијата hashflare.io нуди „Cloud Mining“ опции за корисници кои сакаат да заработат преку копање на Биткоин. Со регистрацијата на нивната страна добивате инструкции за креирање и подесување на вашата корисничка сметка.

Едноставно, изнајмувате брзина на „копање“ со која се извршуваат комплицирани математички задачи. Со што поголема брзина, толку повеќе алгоритми ќе бидат решени, а вие ќе добивате поголем процент на заработката. Целата поента на вашата заработка се однесува на копањето бидејќи вие всушност овозможувате да се извршат трансакциите помеѓу корисниците на Биткоин како валута.

Ако се одлучите да почнете со процесот на „копање“ Биткоин, срдечно се препорачува по избирањето на брзината на „копањето“, да се пресмета и очекуваната заработка. На следнава страна можете да пресметате колку ќе добиете со вашиот план. Во полето „Hashing power“ ја внесувате вашата одредена брзина. Останато не треба да го пополнувате, бидејќи нема да потрошите никаква струја.Во нашиот пример, за брзина од 4.5TH/s се добива околу 68.22$ месечно. Што значи дека за околу 3 до 4 месеци, вашата инвестиција ќе ви биде вратена. И секако, доколку цената на Биткоин се зголеми, исто ќе се намали и просечното време за враќање на инвестицијата.

Crypto Bitcoin Calculator

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внеси го коментарот
Внеси го твоето име тука